Поради најавите за протест пред зградата на Нова Македонија каде што е сместена и Државната изборна комисија (ДИК) која денеска во 11 часот треба да почне да расправа по приговорите на СДСМ и Беса на изборите, се поставува заштитна ограда, објави Плусинфо.
Моментално таму нема насобрани луѓе, но вчера имаше најави од членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се организираа на Фејсбук , како што велеа, да ги бранат резултатите на изборите.