Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

ВО ЖИВО: Седницата на ДИК каде се одлучува за приговорите и конечниот резултат од изборите

$
0
0

Државната изборна комисија одржува седница на која се одлучува за осумте приговори на Коалицијата предводена од СДСМ и уште осум приговори од БЕСА. Гледајте го преносот во живо од порталот А1он.

Дел од приговорите се однесуваат на избирачките места, а дел од приговорите на СДСМ се однесуваат и на изборните резултати.

ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.

ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.

Видео – А1он


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17345

Trending Articles