Лидерот на ДУИ Али Ахмети го повика СДСМ да го почитува договореното од Пржино и да учествува на избори на 24 април. Тоа го направи преку статус на Фејсбук утрово.
– Ја повикувам најголемата опозициска партија да остане посветена на реализацијата на преостанатите обврски од договорот, вклучувајќи го и учеството на изборите за кои заеднички се договоривме да бидат на 24 април, како и да не избрзуваат со важни одлуки за иднината на земјата. Како што вече сум напоменал, најголемите партии сносат голема одговорност за државата и граѓаните, затоа треба да делуваат храбро во согласност со одговорноста и општото добро, ставајќи ги притоа партиските интереси настрана, вели Ахмети на Фејсбук.
Тој понатаму потсетува редоследно на настаните како е договарано решавањето на кризата во земјата со посредство на меќународната заедница.
– Летото минатата година, четирите политички партии во земјата ја презедоа одговорноста за решавањето на длабоката политичка криза преку постигнувањето на договорот во јуни/јули, со посредување на меѓународната заедница.
Партиите се согласија на задачите кои треба да се имплементираат и датумот на одржување на предвремени избори, со цел ставање крај на кризата.
24. април како датум на изборите беше потврден уште еднаш на лидерската средба одржана на 15 декември 2015 година, кога се договоривме околу изборот на членови на Државната изборна комисија.
Спроведувањето на договорот секако дека имаше свои предизвици но поголемиот дел од обврските веќе се спроведуваат и се реализирани додека исто така се усвои
и акциониот план за итни реформи препорачани од страна на Европската комисија, чија имплементација ке продолжи и по изборите.
Во исто време ние сме посветени да и помогнеме на ДИК да ги врши задачите на време и да обезбеди еднакви услови на медиумите за партиите што учествуваат во изборниот процес, напиша Ахмети на Фејсбук утрово.