Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

(ВИДЕО) Заев: Очекувам Ѓорги Иванов да ми го даде мандадот за формирање влада. Се друго би било кршење на уставот

$
0
0

-Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер. Се докажа дека тој го нема потребното мнозинство за да формира влада. Синоќа на полноќ и официјално ВМРО ДПМНЕ ја изгуби можноста да формира влада. Очекувам Ѓорги Иванов да ми го даде мандадот за  формирање влада. Се друго би  било кршење на уставот – изјави Зоран Заев на денешната прес конфeренција.

Подолу интегралната изјава на Зоран Заев:

Како што рековме, Никола Груевски никогаш повеќе нема да биде премиер.

Се докажа дека Груевски го нема потребното мнозинство за да формира Влада.

ВМРО-ДПМНЕ синоќа на полноќ и официјално ја изгуби можноста да формира Влада.

Почитувани граѓани,

Македонија нема време за губење. Демократските процеси се почнати, така одлучија над 612.000 граѓани од сите етнички заедници и Македонија мора да оди напред.

Очекувам Ѓорге Иванов да ми го додели мандатот за формирање нова Влада на Република Македонија! Сите поинакви опции ќе значат кршење на Уставот и злоупотреба на функцијата.

За целата домашна и меѓународна јавност е јасно веќе 50 дена, од денот на изборите, граѓаните избраа промени. Оттука, неопходно е да се формира Влада што ќе ја одразува мнозинската волја на сите граѓани.

На Република Македонија и е потребна Влада што ќе ги обединува граѓаните наместо да ги дели. Потребна и е стабилна и одговорна Влада којашто ќе го подобри квалитетот на живот на сите луѓе во државата и ќе води реални политики. И Влада којашто ќе ги обезбеди стратешките интереси на граѓаните и на Македонија, а тоа се придвижувања кон евро-атлантските интеграции.

Ние сме подготвени и целосно посветени на формирање Влада којашто ќе ги спроведе реформите предвидени во Договорот од Пржино и итните реформски приоритети констатирани во извештаите на Прибе и на Европската комисија. Тоа ќе обезбеди владеење на правото и поставеност на институциите исклучиво во служба на граѓаните.

Таа Влада ќе гарантира дека сите граѓани без разлика на етничката или политичката припадност ќе имаат еднакви права и обврски пред законот и институциите.

На изборите во Македонија победи концептот на заедништво и новата Влада ќе ја гради Македонија во таа насока – во едно општество за сите граѓани.

Тоа го ветивме на граѓаните, живот во Македонија и Македонија за сите, и тоа имаме обврска, можеме, знаеме и сакаме да го постигнеме.

Република Македонија е созреана за нови, совесни и реални политики и нов начин на водење на државата исклучиво во интерес на своите граѓани.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17498

Trending Articles