Од трудовиот инспекторат денеска извршиле контроли за пушење во општина Тетово, каде градоначалничка е Теута Арифи, потпретедателката на ДУИ. тројца инспектори без најава влегле во канцеларијата на секретарката на општината, објави 24 Вести.
Од општината велат дека ги поддржуваат инспекциите кои се согласно законот. Најава за инспекциска посета добиле и од општина Чаир, каде градоначланик е Изет Меџити. Претходно финансиска полиција ја тресеше и општината гостивар каде градоначалник е Невзат Бејта, кој јавно кажа дека влада со Груевски не е опција за Албанците.