Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ преку Попоски во Брисел моли да остане дел од власта

$
0
0

На сите во Македонија и на меѓународната заедница им стана јасно дека однесувањето и на ВМРО ДПМНЕ и на претседателот Иванов последните денови, со сите најави за насилство, провокации и поттикнување на поделби во Македонија, немаат никаква врска ниту со државните интереси, ниту со заштитата на Македонија, а најмалку со интересите на македонските граѓани.

6254-radmila-20sekerinska-1

 

Ова денеска на прес-конференција го изјави заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, која нагласи дека „единствената цел која стои зад пропагандата, незаконските и неуставните одлуки е да се остане на власт и да се спаси од кривичната и криминална одговорност за сериозна корупција и криминал“.

– Последната потврда за сево ова доаѓа од Брисел каде што последните два дена престојуваше пратеникот, кој во исто време е и министер на надворешни работи, Никола Попоски и кој според потврдени веќе информации единственото што го правел е да зборува за неопходноста ВМРО-ДПМНЕ да остане на власт или во власта во Република Македонија – рече Шекеринска.

Таа истакна дека станува збор за истите луѓе кои пред само два месеци донесоа проглас со кој ја повикуваат меѓународната заедница да престане да се меша во македонските работи, а кои сега разговараат со претставници на сите институции и бараат „по секоја цена да останат барем дел од власта“.

Шекеринска уште еднаш го повика претседателот на државата, Ѓорге Иванов да престане со „насилството што го прави врз Уставот и демократскиот поредок на Македонија“ и дека е должен веднаш да го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на новата влада.

Прашана до кога ќе го чекаат Иванов да се изјасни и дали партијата ќе преземе чекори за свикување на Собранието, Шекеринска изјави дека СДСМ не сака во државата секој ден да се вооведуваат нови преседани и дека заради тоа „ќе ги продолжиме дискусиите со различните политички партии кои ги дадоа потписите на Зоран Заев како мандатар, и ќе ги влечеме потезите на договорен и усогласен начин“.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа како СДСМ ги коментира повиците за повлекување на т.н. албанска платформа, Шекеринска истакна дека „платформите на други политички партии не се прашање кое ние го решаваме“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

Trending Articles