Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски синоќа во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, призна дека се точни разговорите кои ги објави СДСМ.
Милошоски лично призна дека се јавувал да интервенира за некој студент да стане асистент на Штипскиот универзитет и призна дека нарачувал лустрација на судија од Кичево правдајќи се дека тоа му било должност како пратеник, во што го негираа неговите соговорници Талад Џафери и Оливер Спсовски исто така како пратеници.
Според Милошоски тој судија бил кодош на УДБА и затоа од претседателот на комисијата за лустрација Томе Аџиев, барал тсудијата да биде лустриран.
Досега Антонио Милошоски и ВМРО-ДПМНЕ од прес конференции повторуваа дека снимките биле монтирани, сечени и лепени.