Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Ќе им кажат фала ти тато, фала ти мамо што си заминавте од таму во таа 2015

$
0
0

После петнаесет години ќе дојдат на одмор во Охрид млади дечки кои ќе зборуваат смешен, нечист или воопшто нема да зборуваат македонски оти нема да го знаат. Оти се родени негде надвор.

12118630_10207459648519999_7499991227217616308_n

Некои девојки, а некои момчиња во најубавите години. Ќе им се пуштаат охриѓанки или охриѓани, или скопјани или скопјанки или стружани или стружанки сеедно… Ќе ги дерат со цени. Ќе ги вози по езеро некој чико со избледено црвена петнаесет шеснаес години безбол капа на која пишува ОСТВАРУВАМЕ и ќе им наплаќа по дваес евра ако треба по 100 денари на човек. Вечерта кога ќе пијат по локалните кафулиња или дискотеки ќе им наплаќаат прво пиво 2 евра, а петто по 10 евра пошто ќе бидат пијани.
Таксистите ќе ги корнат по 20 евра од Охрид до Лагадин.
Кога ќе се вратат на крајот на летото дома. На англиски или германски ќе ги поздрават од чичкото кој ги возел со кајче по езеро бидејќи биле колеги на факултет со татко им, ќе ја поздрават мајка им некои од газдата на локалот бидејќи му била другарка дури биле млади и секое одење Охрид ја шетал и ја дружел и нејзе и нејзините другарки.

И ќе им кажат фала ти тато, фала ти мамо што си заминавте од таму во таа 2015, 2016 кога сум се родил/а. или дури сте биле помлади.

Од празното пристаниште во летото кое полека но сигурно умира ќе ечи гласот на веќе остарен и зарипнат Ѓорчев кој вика: Победуваме во Охрииид, во Чаир, во Пласница, во Кичево, во Вевчани, во Сарај, во Тетово, водиме во Бутел…
Јато гаврани се тепаат со два галеби над падниот мувлосан симит…

78 000 се отселиле само во 2015 дај да престанете да му давате значење на тој Миленко пизда ли НИ материн !

Дарко Лешоски
фејсбук статус


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17424

Trending Articles