Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Тело на девојка пронајдено во пластична црна кеса покрај пат во Оризари

$
0
0

Девојката што беше најдена во црна пластична кеса била убиена, ставена во црна кеса, па фрлена покрај патот. Како што дознава МКД.мк од извори од истрагата, се работи за насилна смрт, а на нејзиното тело имало повреди од удари.

Телото на починатата девојка од местото каде што било фрлено, со наредба на јавен обвинител е предадено во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје. Откако ќе биде направена обдукција, ќе се знае од што точно починала, како и дали сторителот кој што ја убил оставил траги кој можат да ги донесат надлежните до него.

Црната пластична кеса ја нашол вработен во јавното скопско претпријатие Комунална хигиена додека патувал кон селото Горно Оризари, скопско.

Откако вчера околу 16 часот го нашол мртвото тело во пласична кеса, веднаш пријавил во полицијата.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles