Поранешниот в.д. директор на Централниот регистар, Андреа Поповски, е приведен во полиција. Алсат дознава дека Поповски е во полиска станица во Скопје, а во меѓувреме Обвинителството треба да донесе одлука за понатамошната постапка против него.
Според извори од Финансиската полиција, се дознава дека покрај Андреа Поповски, приведени се и најмалку 4 други вработени во Централниот регистар, кон кои се очекува да бидат преземени понатамошни мерки.
Нема информации за делото што го сториле овие лица, но претходните сомневања зборуваат за злоупотреба на службената должност и овластување. Поповски е кадар од ВМРО-ДПМНЕ надлежен за Централниот регистар од 2014 година до 2017 година.