Како и сите други, така и јас, легнувам и станувам со разноразни мисли за нашата ситуација. И секако дека многу сум загрижена. Иако, морам да признаам, не сум онака “загрижена”, како што е мeѓународната. Разликата во мојата и нејзината грижа е во тоа што, мојата почна да ме демне. Уште повеќе што, бизарни асоцијативни врски се создаваат помеѓу нашата акутна ситуација и мојата свест, за жал.
Процест на поврзување (а нели, функција му е да не адаптира на стварноста) почнува со изедначување на “ова се што ни се случува” со Абјектот на Јулија Кристева.
Слика 1: нашата ситуација = Абјект. Но , ова се само првите асоцијативни контури, кои свеста ги креира. Имено, Абјектот е дел од нас од кого сакаме да се ослободиме бидејќи трауматично не потсетува секогаш на нашата материјалност и краткотрајност, а во некои рефлексии не соочува и со нашата сопствeна смрт. Вулгарно кажано Абјектноста може да се претстави преку засирената крв на човечките рани, самите рани, ликвидните и неликвидните отпадоци од човечките тела и сл. (види филм Crash, или, види околу себе!).
Но, психолошката дигестијата на стварноста како нужност, не застанува тука. Во процесот на адаптација кон реалноста, следат и низа на додатни врски и подпрашања кои свеста си ги поставува за да оформи целосно заокружена слика на она со што е реално соочена – иако, тоа секогаш е со помош на имагинацијата и по пат на распоредувањето на симболите во некаков си логички след. А кадарот, во конретниов случај, не запира само на Абјектот. Напротив, следат низа прашањата во функција да го заокружат поимањето на ситуацијата со која треба да се соочам: каков е тој Абјект, чиј е, кој го поседува и кому му припаѓа? Се разира, разумен одговор на овие прашања нема, но свеста создава некаква слика и претстава. Па така, и мене ми текна. Претставата е следна.
Слика 2: Абјектот му припаѓа на аретипскиот верски поглавар во состојба на хронична опстипација поради својата природа прекумерно да јаде – бестијален и чревоугодителен. Ете тоа е бизарната асоцијативна слика за нашата ситуација, која мене ме демне. Се мачи пустиот, затворен – исто како што е затната нашата ситуација. Иако, овде онде, се обидува да вентилира со божемните тренд-сетерски декоративни интервјуа, но,никако ситуацијата да се релаксира, да се отпушти, да се нормализира, да се претвори од АКУТНА во состојба на final release. Нормално, не очекувам, субјектов да го ослободи абјектов на најразумен можен начин, а по пат на радикална промена на life-style, иако, се надевам дека ќе се оддели од него. Потем, дури, нашата ситуација ќе може да се именува со пост-опстипациски период!
Затоа да не се лажеме и на правиме еден reality check Ве молам. Иако сме близу, сепак не сме завлеге во пост-периодот за кој толку многу мечтаеме. Официјалнен негов старт би бил само и единствено доколку Kate Jane процесуира случај (c a s e). Значи: не да формира , туку да процесуира случај! 24/02/2016 е многу близу. Само така состојбата на опстипација, може да се неутрализира. Дури потоа, може да уследи и евентуалното лекување и да отпочне нашиот a venire пост-период на транзиторна прaвда. Во меѓувреме, слободарските сили, да не запаѓаат во популистичките јами, туку, да настапат конечно ЕМАНЦИПАТОРСКИ.
Ана Чупеска