Жалбите на Специјалното јавно обвинителство стигнале до Кривичниот суд. Тимот на Катица Јанева ја обжали одлуката на судот да не им се одреди притвор на осомничените во случајот „Титаник“.
„Совет од тројца судии од Основниот суд Скопје еден во рок од 48 часа треба да донесе одлука по жалбата на специјалното обвинителство. Ако советот ја прифати жалбата и им изрече мерка притвор, осомничените имааат 24 часа рок да се жалат до повисока судска инстанца“
Специјалното јавно обвинителство побара мерка притвор за екс министрите Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска како и за секретарот на владата Кирил Божиновски поради тоа што можеле да влијаат на сведоците и постапката соопштија од Кривичниот суд.
Иако oд 24Вести побарале информација од владата за тоа каде е генералниот секретар Кирил Божиновски, одговор не добиле. Засега останува тајна дали Божиновски е надвор од земјава службено или приватно или веќе се вратил. Дел од осомничените во „Титаник“ биле надвор од Македонија а како доказ до судот приложиле авионски карти. Исказ треба да дадат од понеделник. Досега пред судија на претходна постапка се појавија четворица осомничени во случајот „Титаник“ а меѓу нив беа и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески и градоначалникот на Пустец Едмонд Темелко кој доби задолжение да се јавува во судот во Ресен.
извор: 24Вести