Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17845

Зоран Заев за Доказ: СДСМ и Демократска Македонија ќе победат на изборите!

$
0
0

-Ги почнавме процесите на нормализација и тоа е повеќе незапирлив процес. 10 години е инсталиран овој штетен режимски систем на чело со Груевски и неговите соработници и секако дека не може преку ноќ да се смени целосно – вели лидерот на СДСм, Зоран Заев, во интервју за порталот Доказ.

zaev

Но демонажата на режимот ја почнавме. Во МВР се демонтира МВРО, откривме илјадници незаконски издавани лични карти и печатени возачки дозволи и вработени кои тоа го правеле по налог на врвот на власта на Груевски и Јанкулоска. Во Министерството за труд и социјала влеговме во трага на злоупотреби со социјална помош на повеќе илјади граѓани, што им следувала по закон. Во Министерството за финансии спречивме 300 милиони евра задолжувања, што ќе беа товар на идните генерации, а Груевски ќе ги употребеше во предизборни цели и ги разобличуваме и натаму намерите на власта. Во Министерството за земјоделство откривме злоупотреби на субвенции и доделувања земјишта на членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

Преку Министерството за информатичко општество и администрација спречивме илјадници админисративци да бидат отпуштени од работа или казнети до 30.000 денати поради нелогично оценување воведено од страна на власта на Груевски со цел притисоци и уцени врз службениците. Продолжиме да работиме заедно со граѓаните кои ги препознаа нашите искрени намери и соработуваат. Не постојат опструкции што можат да не спречат.

17. Дали на пратеничките листи ќе одите повторно со анонимни и полуанонимци или ќе се потпрете на проверените, ама доста од нив и истрошени кадри, кои биле повеќе пати во позиција да бидат гласани?

-Ние сега, во соработка со сите постоечки потенцијали во партијата и демократската јавност сме насочени да обезбедиме фер и регуларни избори, бидејки тоа е проритет број еден за сите. Имаме многу квалитетни кадри кои можат и заслужуваат да им биде дадена можност да ги движат демократските процеси и нормализацијата на земјата што следува и во изборот ќе се раководиме од тоа.

18. Дали Зоран Заев е сигурен во победата на опозицијата после евентуално успешните преговори со режимот, дали планирате победа, пата-пата или пораз со мала разлика, која е вашата прогноза?
-На следните фер и регуларни избори ќе победат демократска Македонија и опозицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз.

19. Јанева ја спомена и аферата Надеж којашто е за поранешниот председател Бранко Црвенковски. Дали е тоа за да се покаже дека нема да има селектиност и очекувате ли и криминалите на Љубчо Георгиевски да бидат ставени на тапет?
-Специјалното јавно обвинителство е независна институција којашто е формирана со поддршка од сите 4 партии потписнички, освен СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и ДПА. Верувам во работата на професионалноста на Обвинителството кое што има историска улога во Република Македонија, да ги извади на површина сите криминали и злодела што им се правени на граѓаните на Македонија и да ги расчисти сите конструкции и манупулации што се правени за политички цели.

20. Спремен ли е Заев да остане во историјата како човек кој ја спасил Македонија од мафијата, а да не биде премиер, односно да си остане партиски лидер, а премиерската функција да му биде доверена на друга личност?
-Јавноста знае дека пред мене е света и најважна цел, демократска Република Македонија, тоа го покажав во моментот кога го отворив процесот Вистината за Македонија, храбро и одлучно, без какви било задршки или калкулации. На фер и регуларни избори, за што се сум црвсто определен како лидер на СДСМ и опозицијата, ќе одлучи слободната волја на граѓаните на Република Македонија и тој избор е должен секој да го почитува.

Очекувате ли криминалните структури на ВМРО–ДПМНЕ и ДУИ да се обидат да направат насилни протести во државата, во обид да си ја спасат кожата и украдените пари?
-Искуството покажува дека од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ `се може да се очекува, посебно кога се загрозени нивните тесно-партиски или лични интереси. Може да се обидат, но овој пат нема да им помине, тоа не им го порачувам само јас, или СДСМ, или опозицијата, тоа е пораката од единствена Република Македонија којашто застана наспроти Груевски и Ахмети.

На крај, дали верувате дека овој состав и овие судови имаат капацитет правната држава да профункционира?
-Се сеќавате, имаше сомнеж дека се можни предвремени избори, преодна Влада, Специјално јавно обвинителство, `се тоа денес е реалност во Република Македонија. Правната држава во Македонија мора да профункционира и тој процес почна со формирањето на Специјалното јавно обвинителство и прес конференцијата во петокот. Секој кој постапува или работи противзаконски ќе ја понесе својата одговорност, независно дали е политичар, функционер, судија или кој и што и да е. Промените во Македонија се почнати. Свесното кочење на демократизацијата на процесите носи ризик да се биде соучесник во злоделата на бандитската власт на Никола Груевски, на којашто и е дојден крајот.

Интервјуто во целост прочитајте го тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17845

Trending Articles