Од МВР информираа за поранешниот амбасадор во Љубљана, Томислав Димитровски кој вчера по кавга со сосед репетирал пушка во него.
Како што информираат од МВР, А. Д. пријавил дека во зграда на улица „Тодор Александров“ во Скопје неговиот сосед Т.Д., по кратка вербална расправија, во ходникот на зградата извадил автоматска пушка и ја репетирал кон него.
– Полициски службеници веднаш по добивање на пријавата излегле на местото на настанот. Во домот на Т.Д. се пронајдени повеќе парчиња оружје и муниција, кои се одземени. Т.Д. е повикан во полициска станица и со него е извршен службен разговор и се работи на расчистување на случајот, соопшти МВР.
Инаку, како што објави порталот Мактел, Димитровски е прв братучед на екс-премиерот и сегашен бегалец Никола Груевски.