Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

(ВИДЕО) Заев: Петте илјади амандмани на ДУИ отвораат прашање колку коалицијата е одржлива

$
0
0

СДСМ ќе размисли сериозно за тоа колку е стабилна владината коалиција по најавите на ДУИ дека ќе достави 5 илјади амандмани за Изборниот законик, потенцираше Премиерот Заев, пренесе ТВ21.

За Бујар Османи од ДУИ, на лидерската средба до сега не било дискутирано за нефункционирањето меѓу партнерите, но за ова ќе се разговара на следните средби.

Но Бујар Османи пред неколку дена во емисијата Клик Плиус изјави дека коалицијата има свои проблеми.

„Имаме проблеми секој ден со СДСМ. Да, нормално. – рече Бујар Османи, вицепремиер за Европски прашања.

Изјавата на Заев следи откако вчера пратеникот Артан Груби најави дека ДУИ ќе достави 5 илјади амандмани за Изборниот законик. Од оваа партија се изјаснија против тоа наместо 6 изборни единици да има 1 како што побара СДСМ. Овие недоразбирања меѓу ДУИ – СДСМ следат неколку дена пред формирањето на Техничката влада и 4 месеци пред предвремените парламентарни избори.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17440

Trending Articles