Редакциjата на Либертас дојде до писмо од СЈО до Централниот регистар испратено пред 15 тина денови во кое од Централниот регистар бара проверка на три фирми и тоа Медиамакс, Тотал медиа центар и Максмедиа лтд.
Неофицијално тоа се фирми адресирани на Градски стадион број 2.
Интерес на обвинителите, според непотврдени иформации, се фирми преку кои компанијата Силекс наводно добивала бизниси во РЕК Битола, нешто што се споменува и во објавените бомби на опозицијата.
Изворите на Либертас тврдат дека СЈО од регистарот не наишле на соработка и дека случувањата од пред некој ден со полициска асистенција доцна на полноќ имале за цел да се добијат влошките од целосната евиденција на евентуалните промени на имињата на сопствениците на овие фирми и припојување или одвојување од или со други фирми.
Неофицијално, СЈО од понеделник ќе започне интензивен распит на лицата кои се јавуваат како сопственици на овие три фирми кои се во фокусот на обвинителите во предистражната постапка. Писмото кое го добивме е потпишано и има печат, но нема архивски број дека во регистерот е заведено како примено.