Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

Продолжува специјалната војна против Специјалното обвинителство

$
0
0

По најавената истражна постапка „Тортура“, Специјалното обвинителство е под нови удари – од провладини медиуми, но и од предлог законски измени кои временски треба да ја развлечат неговата можност за брзо постапување.

0,,19146197_303,00

(…)

Околу надлежноста врз побараните предмети, таа потенцира дека законот е јасен-СЈО има надлежност за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите

„Обвинителката, не случајно вчера го спомна мислењето на Венециската комисија. Но, ние немаме овластување да ги објавиме прислушуваните разговори, за да се види дали сме или не сме надлежни за постапување по одредени случаи. Второ, сите материјали од следењето на комуникациите, спаѓаат во класифицирани информации. Немаме податок дали Советот на обвинители има сертификат за постапување со класифицирани информации, за да би пристапиле кон такво објаснување“, вели Ристоска.

Од Советот на обвинители, пак, велат дека содржини кои произлегуваат од незаконско следење на комуникации не може да се третираат како класифицирани информации. Очекуваат Јанева да ги образложи барањата за надлежност врз бараните предмети, врз основа на член 7 став 1 од законот за СЈО, според кој таа е одговорна за нејзината работа пред Собранието на Република Македонија и пред Советот на Јавни Обвинители.

Измени во полза на осомничените

Третиот „удар“ врз СЈО стигна од владејачко мнозинство во Собранието. Тие го одбија предлогот за ограничување на помилувањата што може да ги даде шефот на државата, а предложија да се донесат по скратена постапка измени на Законот за кривична постапка, со кои се продолжуваат роковите во полза на осомничените.

Измените предвидуваат, пред поднесување на обвинителен предлог, јавниот обвинител задолжително да го извести осомничениот за преземените истражни дејства и за прибраните докази, по што одбраната наместо 15 ќе има 90 дена да преземе дејства. Со законските измени се предвидува овие рокови да се применуваат и за постапките започнати пред влегувањето во сила на овој закон.

„Пратеничката група на СДСМ е против овие измени. Секој што го прекршил законот треба да одговара и не смее да се ставаат какви било пречки за побрзо доаѓање на правдата“, изјави Рената Дескоска-Тренеска од СДСМ.

Пратеникот од Демократскиот Сојуз, Павле Трајанов, најави дека нема да го поддржи предлогот, а ставот ќе го аргументира со експертска анализа.

„Измените се во функција на развлекување на постапката во корист на сите оние за кои има сомнение дека се вклучени во криминал“, оцени тој.

Од друга страна, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера без никакво образложение го одби предлогот на пратениците од СДСМ за измена на Законот за помилување, со кои ќе се спречи злоупотреба на овој институт и помилување на исто лице повеќе пати. Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Горан Сугаревски рече дека со овој предлог се пополнува правниот вакуум, по „срамната одлука на Уставниот суд за укинување на измените на Законот за помилување од 2009 година“.

„Со овие измени претседателот не ќе смее едно лице да го помилува по втор пат сѐ додека не поминат 20 години. Во законот е предвидено да не смеат да се помилуваат лица кои направиле особена општествена опасност. Тука зборуваме и за организатори на изборен криминал, а не за силеџии на избори“, објасни Сугаревски.

Пратениците од владејачкото мнозинство не дозволија точката да се најде ни на дневен ред на собраниска седница.

Во ваквото „законско опремување“ на власта со поволности за осомничените, правните експерти гледаат ново „врзување на рацете“ на СЈО, односно временско развлекување на неговата можност за брзо постапување. По неодамнешната одлука на Уставниот суд, која му даде можност на претседателот да помилува сторители на изборен криминал, тие сметаат дека „пакетот за правна заштита на криминалот се заокружува и дека тој целосно ќе ги минира обидите за стигнување до правдата и правната држава“.

Анализата на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17505

Trending Articles