Професор по Уставно Право, Светомир Шкариќ, беше гостин во вечерашното издание на Топ Тема. Една од темите за кои разговараше со Александар Чомовски беше и најновиот случај кој го објави специјалното обвинителство, за случајот “Тортура”.
Според Шкариќ тортурата која е предмет на истрага на специјалното обвинителство е од најгруб вид и се однесува пред се на моралниот интегритет на личноста. Тој додава и дека македонските институции иако треба, не ги процесуираат ваквите дела за кои во демократските земји се сноси соговорност.