Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Командант Пуки за Прес24 тврди: Фатиме лаже, Љубе не вреѓаше, ние постапивме по закон

$
0
0

Командатот на Алфите Ивица Антевски- Пуки во изјава за Прес 24 вели дека вчерашната прес конференција на Фатиме Фетаи и Јатица Јанева била само обид за нарушување врз него и угледот на единицата со која раководел.

Тој вели дека судската постапка ќе докажела дека Бошковски бил приведен согласно со сите правилности и притоа ниту бил навредуван нити пак малтеретиран на било кој наачин. Антевски вели дека при приведувањето Бошковски се обидел да побегне, а откако бил спречен во тоа почнал да ги навредува и да ги омаловажува полициските службеници.

– Фатиме Фетаи и Катица Јанева вчера лажеа и манипулираа злоупотребувајќи ја позицијата која што ја имаат само за да фрлат дамка на моето работење и работењето на моите колеги. Јас и колегите сме работеле и ќе работиме исклучиво согласно законот. Сме се грижеле и ќе се грижиме за безбедноста на граѓаните без разлика на ризикот со кој што се соочуваме во нашата работа. Политичките напади и нарачаната одмазда нема да не поколебаат од вршењето на должноста за која сме се заколнале. Вистината е една. Ниту јас, ниту моите колеги не сме го пцуеле осомничениот. Фатиме Фетаи вчера скандалозно измислуваше и тоа ќе се докаже на суд. Осомничениот не постапи по полициската наредба да се предаде и се обиде да бега. Откако го спречивме почна да не навредува со погрдни зборови. Во моментот на реализирање на акцијата ја фрли кесата со парите кои нелегално ги имаше земено. Истиот во текот на целата акција даваше активен отпор. При претресот во возилото на осомничениот пронајдовме и огнено оружје и палка. За сите овие факти има службени белешки и сите овие факти може да бидат потврдени и ќе бидат потврдени – вели Пуки.

Реакџијата на Антевски следи по вчерашната прес-конференција та во која тој и неговите колеги од Алфите беа обвинети од обвинетелката фатиме Фетаи дека вршеле торетура врз Љубе Бошковски.

Поврзано:

Фетаи: По наредба на Мијалков, алфите му ставиле пиштол на Бошкоски и го навредувале – „Пи*ка ти материна“, „Да ти е*ам жената“, „Нека лежи ѓубрето“…


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17480

Trending Articles