Специјалното јавно обвинителство издало наредба за претрес и барање за лишување од слобода на висок функционер на УБК. Овие барања СЈО ги поднело поради опасност од бегство, влијание на сведоци и уништување докази, како и опасност од повторување на делото, објави 24 Вести повикувајќи се на сигурни извори во предистражната постапка.
Истите извори велат дека околу 4 ипол часа го чекале кривичниот суд да одлучи и да издаде наредба за претрес во домот на функционерот во УБК, но судот не се согласил, јавува телевизијата. Лицето се сомничи за три дела во врска со предметот со прислушувањето, односно опремата за прислушување.
Како што претходно објави порталот НОВА се работи за Горан Груевски началник на на петтата управа и близок соработник на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков. Од СЈО најавуваат повеќе детали за утре.