Со лисици на рацете вечерва едно лице е спроведено пред Основниот суд Скопје еден, во придружба на засилено полициско обезбедување, пренесува Телма.
Од Основниот суд Скопје 1 се уште нема официјална потврда дали станува збор за Горан Грујоски кој е првоосомничен за случајот „Тврдина“ кој го отвори Специјалното јавно обвинителство, а се однесува на уништување на опремата за прислушување.
Судот треба да се произнесе дали по осум-часовен распит на Грујоски му е одредена мерка притвор, како што бараше Специјалното јавно обвинителство.