Централното раководство на ДУИ вечерва одлучи да ги повлече своите актуелни претставници од извршната власт на Република Македонија, соопшти партијата.
„Претседателството, исто така, ги потврди статутарните права и ги делегира сите извршни права и овластувања за донесување одлуки на претседателот Али Ахмети за да одлучи за следните чекори на Демократската унија за интеграција.
Демократската Унија за Интеграција, исто така, ја информира локалната и меѓународната јавност дека ќе ги преиспита своите политики во наредните денови“, стои во соопштението на партијата испратено доцна вечерва.