Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Апелација ја отфрли жалбата на СЈО, Грујевски ќе биде пуштен во домашен притвор

$
0
0

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Специјалното обвинителство кое бараше да му се одреди притвор на началникот на УБК, Горан Грујевски. Двостепеното одлучување веќе било искористено, а тоа е жалба пред кривичниот совет вели за 24 Вести судијата портпарол Сафет Кадрии.

pritvor%20grujoski[1]

Според тоа решение, началникот Грујевски треба да го напушти притворското одделение во Шутка и да замине во домашен притвор.

Од Специјалното обвинителство за 24 Вести велат дека се уште го немаат добиено решението од Апелациониот суд, па откако официјално ќе ги видат документите ќе го кажат својот став.

Горан Грујевски се наоѓа во притвор од 30 март. Тој е првоосомничен во акцијата на СЈО, под оиперативно име „Тврдина“.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Trending Articles