Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Трет ден протести против помилувањата –секој ден се повеќе граѓани на улица

$
0
0

Вечерва на улиците на Скопје, но и Битола се одржа третиот протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на сите политичари против кои се водат истраги, или се покренати обвиненија. Револтот од потегот е голем, па така, секој ден се повеќе граѓани се приклучуваат на протестите.

Во продолжение хронологија од тоа како течеше денешниот протест:

ФОТО: Полицијата ја оградува канцеларијата на Иванов (18:02)

Откако на синоќешниот протест беше демолирана, попладнево, пред почетокот на третиот протест, полицијата ја оградува канцеларијата на Иванов на Рекорд.

CgA79d7WIAEvl3P[1] CgA8AnjW4AAichb[1]

Фото – Мета


ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Третиот протест започна – се повеќе граѓани доаѓаат пред Собрание (18:22)

Пред Собранието започна третиот ден протест против одлуката на Иванов за помилување на сите политичари. Денешниот протест беше најавен од претходно и организиран од повеќе невладини организации, првично за да се спречат избори на 5 јуни поради тоа што не се исполнети условите за тие да бидат фер и демократски. Сепак, новите случувања ова го ставија во втор план.

CgA7RBTWQAIXbdT[1] CgA7TtmXIAAiRmA[1] CgA7WzeWcAAFVGX[1] CgA7ZL0WsAAQ4LY[1] CgA-FMVVIAAwZDX[1] CgA-lcPWcAAENIM[1] CgA_79xUMAAGOuv[1] CgBAQ37XEAANGPQ[1]

CgBAXyJWsAAVfJk[1] CgBAeuzWEAII4pt[1] CgBAiY6XIAA_Xic[1] CgBA70WXEAID4XT[1]

CgBBYj9W8AANvIZ[1]

CgBCOARUIAAR2cA[1] CgBCdVwWsAA3flu[1] CgBCgeAWQAAkxsJ[1]

Фото и видео – Твитер


ФОТО: И еден фикус дојде на протестот против одлуката на Иванов (18:47)

На денешниот трет по ред протест по одлуката на Иванов за помилување на политичарите, еден од помладите учесници дојде со цвеќе, а на вазната пишува „Хорхе“.

CgBBYj9W8AANvIZ[1]

CgBEiVmWsAAzEbu[1]

CgBE5W7WQAAktIz[1]

Фото – Твитер


ФОТО: И Заев пристигна на протестот пред Собранието (18:49)

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев пристигна на протестот пред Собранието кој е во тек.

CgBF22wVAAA2N7o[1]

Фото – Мета


 

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Протестот продолжи пред ВМРО-ДПМНЕ, далеку помасовен од претходните (19:44)

Протестот против одлуката на Иванов за помилување на сите политичари од Собранието преку Рекорд продолжи пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Полицијата повторно има направено барикада и не дозволува влез на плоштадот пред партиската зграда, па демонстрантите се на улицата пред него.

Денешниот протест е далеку помасовен од претходните два.

CgBLQ0CUAAAlQLN[1] CgBOLPRXIAEIoVr[1] CgBPIHXVAAAiPgu[1] CgBP4ZhUYAApI_N[1] CgBQ9zhUUAAT1PY[1] CgBRiTwXIAAW3AZ[1] CgBRjQNWQAAM2Mv[1] CgBRrR3W8AIx5T0[1] CgBRyHzUUAAxR-3[1]

CgBSoXKW4AEqBxQ[1] CgBTA6EWQAAmboJ[1]1460657168493559[1]

CgBWQXBWwAAAmKO[1]


Фото и видео – Твитер


 

ВИДЕО: Камења и бакљи врз полицијата која го обезбедува седиштето на ВМРО ДПМНЕ (20:00)

Дел од протестантите фрлаат камења, петарди и бакљи врз специјалците кои го обезбедуваат приодот кон седиштето на ВМРО ДПМНЕ, јавува репортер на БИРН. Се слуша „Нема правда нема мир“. Се зголемува тензијата. Полицијата не возвраќа.

Во толпата на потегот меѓу седиштето на ВМРО ДПМНЕ и полициската станица „Беко“ владее незадовоство поради каменувањето. „Ве молам не ги мавајте.И јас сум против ВМРО, ама полицајците се наши деца, не ви се виновни“ им извикува една жена на демонстрантите со качулки кои ја каменуваат полицијата, пренесува БИРН.

1460656899123941[1]


Полицијата тргна кон демонстрантите пред ВМРО-ДПМНЕ (20:09)

Ситуацијата пред седиштето на ВМРО ДПМНЕ во центарот на Скопје станува тензична, пренесува БИРН. Полицијата, во два кородона, тргна кон демонстрантите кои почнаа да се повлекуваат. Се слушаат извици: „Убијци, убијци“.


ВИДЕО: Демонстрантите извикуваат „спуштете штитовите“ (20:23)

Откако полицијата ги потисна демонстрантите од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, тие започнаат да извикуваат „спуштете штитовите“.

CgBb0ZjW4AIjCYJ[1]

CgBcHLbWsAETb5j[1]

CgBcycGXEAEoexv[1]


Стојанче Ангелов се обидува да ја смири ситуацијата (20:29)

Ситуацијата која се заканува да прерасне во инциденти пред седиштето на ВМРО се обидува да ја смири лидерот на „Достоинство“ генерал Стојанче Ангелов и неговите членови, објави БИРН.

„Се знам со вас лично, разберете дека ние ќе останеме тука, но без насилство“ им рече Ангелов на полицајците. „Секое лице што е маскирано е уфрлено од ДПМНЕ“ рече Ангелов и ги повика граѓаните да и го предадат на полцијата секое маскирано лице.
1460657582815721[1]

1460657582928038[1]

1460657855936022[1]


Ослободени се сите приведени од синоќа (20:40)

Неформалното граѓанско здружение #Протестирам преку Твитер соопшти дека ослободени се демонстрантите кои беа приведените синоќа.

1460574413915441[1]


Случајот „Транспортер“ кој го отвори СЈО, вечерва ја крена Битола на нозе. Граѓаните бараат оставки и од градоначалникот Талески, како и од претседтелот Иванов поради аболицијата.

11247507_10154249015194406_8371674371382043353_n

фото ТЕРА


ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Реките народ стигнаа пред Владата, таму полициски кордони (21:00)

Граѓаните кои веќе трет ден протестираат против одлуката на Иванов за помилување на политичарите пристигнаа пред зградата на Владата.

Тие го започнаа протестот пред Собранието, па се упатија кон седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде беа дочекани од полициски кордони кои не дозволуваа приближување до зградата по што беа фрлани факели и полицијата започна да ги потиснува. Откако успеа целосно да ги потисне, граѓаните се упатија пред Владата.

Огромни полициски единици има и пред Владата но и во целото централно градско подрачје.

CgBgZdCWcAA8rgk[1]CgBibElWcAAWRqQ[1]


(ВИДЕО) Сарачини: Ова е борба на сите граѓани на Македонија!

На почетокот на денешниот протест пред Собранието на Република Македонија се обратија  активисти и борци за човекови права, меѓу кои и Петрит Сарачини, Мирјана Најчевска, Павле Богоевски, Огнен Јанески и други.

Видео – Цивил

(ВИДЕО) Најчевска: Пратениците треба нам да ни служат, ние сме газди и нашето ќе се слуша!

Професорката Мирјана Најчевска на протестот пред Собрание им се обрати на демострантите велејќи дека пратениците треба нам да ни служат бидејќи ние сме газдите и нашето ќе се слуша.


ВИДЕО: Снимка од судирот помеѓу демонстрантите и полицијата пред ВМРО – ДПМНЕ

Дел од демонстрантите пред седиштето на ВМРО – ДПМНЕ на вечерашниот протест фрлаа со јајца, димни бомби и боја. Демонстрантите тргнаа кон зградата, но беа спречени од полицискиот кордон. Настанаа турканици, полицијата не дозволува приближување кон зградата, пренесе А1он.

Откако демонстрантите почнаа да фрлаат со предмети и димни бомби, еден полицаец се пожали на повреда, а веднаш потоа полицијата ги истурка демонстрантите.

Видео  – А1он


 

Двајца повредени полицајци од вечерашниот протест, пуштени се на домашно лекување (23:57)

Од хируршката килиника „Свети Наум Охридски“ за МИА потврдија дека кај нив биле примени двајца повредени полицајци. Едниот од нив со контузија на рамо, а другиот со повреда на рачниот зглоб.

CgBTA6EWQAAmboJ[1]

Пружена им е медицинска помош по што се пуштени на домашно лекување. Од болницата информираат дека кај нив не се донесени повредени демонстранти од вечерашниот протест.


Нов протест се најавува и за утре (петок) во 18 часот. За утре претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски најави и распишување на предвремените парламентарни избори за 5 јуни, па зависно од ова, може да се очекува и помасовен протест.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles