Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

МЕГАГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Масовни протести ден 5. Илјадници луѓе на улица по правда, графити и боја за барокот

$
0
0

Во продолжение хронолошки ви ги пренесуваме сите случувања на денешните протести кои започнаа по одлуката на Иванов за помилување, но кои се и надоврзување на масовните протести од минатата година, поврзани со скандалите од „бомбите“, како и закажаните избори на 5 јуни, иако нема услови да бидат фер и демократски.

Денеска стандардно се протестираше во Скопје и во Битола, а за прв пат протест беше организиран и во Струмица. Има најави за приклучување и на други градови, но засега нема официјални најави. Вечерва се појави најава за протест и во Вашингтон, пред Македонската амбасада.

И денешниот протест, иако се одржува за време на викенд, беше исто така масовен како и претходните, а проценките се дека со масовноста можно е да го надмина и вчерашниот протест. Реки од народ, илјадници граѓани се на улиците во битка за правда.

Денеска, за разлика од вчера, полицијата дозволи пристап и пред Собранието и пред Владата, но новата зграда на ВМРО-ДПМНЕ, се чини, е последната тврдина која никако „не се дава“. Граѓаните немаат можност ниту да и се приближат, односно да влезат на улицата која води кон зградата. Како што коментираат тие, нема никаква логика во демократска држава зградата на владејачката партија да е поважна за чување отколку зградите на државните институции.

И денеска Триумфалната порта беше избоена и испишана со графити, а графити беа испишани и на плоштадот, како и на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Повеќе во продолжение – хронолошки:


 

18:19 ГАЛЕРИЈА: Пред СЈО започна 5. протест против одлуката на Иванов – граѓаните доаѓаат

Пред просториите на Специјалното јавно обвинителство во 18 часот започнаа да се собираат граѓани за петтиот по ред протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари, како и против одлуката за распишување избори на 5 јуни, без исполнување на условите тие да бидат фер и демократски.

CgLS-z5XIAEAVom[1]

Зградата на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа веднаш до студентскиот дом Кузман Јосифовски-Питу на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во центарот на Скопје.

Очекувано е дека протестот ќе започне од таму со поддршка па ќе продолжи низ улиците во центарот на градот пред други институции.

CgLTmTNWQAAYKUR[1]

Очекувано е вечерва да продолжат протестите и во Битола, а за прв пат оваа вечер ќе се протестира и во Струмица.

CgLVqejW8AIOeU9[1]

Фото – Твитер


 

18:28 ФОТО: И Заев се појави на протестот кој започна пред СЈО

И лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се појави  пред просториите на Специјалното јавно обвинителство каде во 18 часот започнаа да се собираат граѓани за петтиот по ред протест против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари, како и против одлуката за распишување избори на 5 јуни, без исполнување на условите тие да бидат фер и демократски.

CgLVqejW8AIOeU9[1]

Фото – Твитер


 

18:35 ФОТО: Започна протестот и во Струмица

Вечерва за прв пат, после Скопје и Битола, и Струмица се придружува на протестите против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување на политичари, како и против одлуката за распишување избори на 5 јуни, без исполнување на условите тие да бидат фер и демократски.

Граѓаните започнаа да се собираат во 18 часот.

CgLUwxOVIAEdpXQ[1]

CgLXXo-UEAAUPiA[1]


 

18:53 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Протестот тргна кон Собрание

Од пред СЈО, протестот започна да се движи кон Собранието. Вчера демонстрантите, иако беа во голем број не можеа да се доближат до законодавниот дом и беа запрени од полициски кордони кај Триумфалната порта.

CgLaolnUUAErsNg[1]

Фото – Твитер


 

19:08 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Граѓаните не се откажуваат, илјадници стигнаа пред Собранието

На петтиот ден од протестите, илјадници граѓани на улица. Се чини дека тие не се откажуваат, туку со секој нареден ден ги има се повеќе, против одлуката на Иванов и самоволието на власта. Граѓаните бараат промени.

Фото и видео – Твитер


 

19:26 ВИДЕО: Илјадници граѓани во еден глас – „Во борба, во борба, македонски народе…“

Ви пренесуваме дел од атмосферата на денешниот протест против одлуката на Иванов. Илјадниците граѓани во еден момент во еден глас запеаја – „Во борба, во борба, македонски народе…“


 

19:35 Барања од протестот: Оставка од Иванов, фер избори и експертска влада

1460827798530990[1]

На протестите на граѓаните пред Собрание се бара повлекување на одлука за помилување, оставка од претседателот Иванов и експертска влада која ќе ги имплементира препораките на Прибе за фер избори, пренесе БИРН.


 

19:41 ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Џабе чистењето, Триумфалната повторно избоена во разни бои

Откако синоќа за време на протестот на Триумфалната порта беше фрлена боја, и испишан зборот „ГРАБЕЖ“, денеска таа беше исчистена, но тоа не траеше долго.

И денеска демонстранти ја обоија во различни бои.

CgLl_tLUAAA6M0f[1]

Фото и видео – Твитер


 

19:50 ВИДЕО: Инцидент кај портата, девојка беше нападната во обид да напише графит на Триумфална

Во обид да испише графит на Порта Македонија една девојка беше нападната, по што дојде до инцидент на петти ден од #протестирам, јави БИРН.

Видео од инцидентот објави и Мета на Твитер.


 

20:09 ГАЛЕРИЈА: Илјадниците демонстранти повторно го посетија барокот на плоштад, оставија и графити

Како и вчера, така и денеска, демонстрантите од Собрание, продолжија преку Триумфалната порта и плоштадот по патот кон Владата.

Денеска, освен Триумфалната, графити добија и новите плочи на плоштадот.

Фото – Твитер


 

20:18 ГАЛЕРИЈА: Масовниот протест е пред Владата – илјадници граѓани бараат правда 

Денешниот петти по ред протест против одлуката на Иванов и политиките на власта, стигна пред Владата. Таму, за разлика од вчера, има помалку полициско обезбедување, и пристапот беше слободен. На улиците има илјадници револтирани граѓани кои бараат правда.

Фото – Твитер


 

20:40 ГДОМ потфрли, вечерва нема контрапротест

Вечерва улицата пред седиштето на СДСМ остана празна. По неа поминуваат само возила, ги нема луѓето кои беа носени со автобуси од повеќе градови, мобилизирани преку заканувачки смс пораки и уценувани со бркање од работа. Вечерва ГДОМ не организира контрапротест.

kontraprotest

Контрапротести имаше во текот на изминатите денови, секоја вечер, веднаш штом започнаа протестите против одлуката на Иванов, но вечерва нема. Не се познати причините за ова.

Инаку, на улиците на Скопје во моментов трае петтиот масовен граѓански протест, илјадници луѓе се на улиците и бараат правда.

Фото – архива


 

20:54 ГАЛЕРИЈА: И вечерва масовен протест во Битола, граѓаните се обидоа да влезат во општината

Три реда полицајци пред зградата на општина Битола. Така ги дочекаа демонтрантите кои четврти ден по ред протестираат против одлуката на Иванов за аболиција и бараат оставка од градоначалникот на Битола. Тие велат дека даваат подршка на Специјалното обвинителство кое деновиве го отвори пресметот Транспортер за превозот на учениците во Битола, пренесе ТВ Тера.

12992851_10208131704041905_915526071_n

13020351_10208131959728297_549537663_n

13022407_10208131622679871_1414412421_n

13023286_10208131960688321_432536552_n

13023436_10208131616079706_790044655_n

13023623_10208131959208284_1027438211_n

13023686_10208131619599794_1913444142_n

13046101_10208131958688271_433985900_n

13046120_10208131960448315_1310549513_n

Фото – ТВ Тера

21:06 ФОТО: Кеси со вода по демонстрантите од зградата Тифани

Демонстранти на Твитер напишаа дека некој од зградата Тифани ги гаѓал со кеси со вода.


21:13 ВИДЕО: Дел од демонстрантите тргнаа кон зградата на ВМРО-ДПМНЕ, но ги пречека барикада

Дел од граѓаните кои петти ден проестираат барајќи оставки од власта тргнаа кон зградата на ВМРО ДПМНЕ. Кај ТЦ „Палома бјанка“ се распоредени стотина специјалци и два хермелина. Демонстрантите скандираат и пеат, пренесе БИРН.

Дополнето:


21:28 ФОТО: „Смрт на фашизмот“ – графит пред ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар

Откако со силни полициски кордони дел од демонстрантите беа спречени да се доближат до зградата на ВМРО-ДПМНЕ, графити доби зградата на ВМРО-ДПМНЕ ОК Центар.

CgL-3-UUIAAIHgu[1]

Фото – Твитер


Утре (недела) во 12ч протест и пред Македонската амбасада во Вашингтон

Откако против одлуката на Иванов за помилување политичари се кренаа на масовни протести граѓаните од Скопје, Битола и Струмица, за утре во 12 часот по локално време е најавен протест и пред Македонската амбасада во Вашингтон.

Ви го пренесуваме повикот за протест објавен на Фејсбук:

12985468_10207730924662932_8702892422526318597_n

Почитувани сограѓани,

Ве повикуваме на мирен протест пред Амбасадата на Р.М. во Вашингтон, САД оваа недела 17ти Април 2016. Овој протест е знак на поддршка за нашите сограѓани кои се борат за слободата, правдата, и демократијата во Македонија.

“Протестирам за подобра Македонија, за владеење на правото, за независно судство, за слободни медиуми, за демократска власт, за толеранција на различностите, за граѓанско општество со право на избор! Остануваме Македонци, без загради, наставки, преставки, додатоци!”

Се гледаме недела во 12ч пред амбасада! Поздрав!

Адреса: 2129 Wyoming Ave NW, Washington, DC 20008


22:00 (ВИДЕО) Вечерва и Струмица излезе на протест: Слободни избори – криминалците зад решетки!

Слободни избори – криминалците зад решетки, е мотото на првиот протест во Струмица кој е знак на револт кон одлуката на претседателот Иванов за аболиција на политичарите и нивните соработници, пренесе Телма.

strumica_protest_0[1]

Граѓанските организации кои го организираа протестот побараа оставка од Иванов, нарекувајќи го политичка кукла која десет години молчеше во вилата на Водно и токму затоа му оддадоа едноминутно молчење.

Протестот се одржа пред реконструираната зграда на старата полиција, бидејќи според протестирачите новата барокна фасада е симбол на сиот невкус и неразумното трошење кои изминативе десет години го одбележаа владеењето на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Протести во Струмица ќе има и во наредните денови.


(ВИДЕО) Заев од протестот: Верувам во нашиот народ, заедно ќе спречиме криминални избори!

На денешниот петти по ред протест во Скопје, инициран од скандалозната одлука на Иванов за помилување на политичари, учестуваше и лидерот на СДСМ, Зоран Заев.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17475

Trending Articles