Основниот суд скопје 1, одби да одговори на прашања на „Сведок“ кои се однесуваа на тоа, кој му гги дал податоцитре на Претседaтелот на државата за судските постапки, за да може тој да донесе одлуки за аболиција.
-Истражувајќи, како Иванов дошол до податоците кои најголем дел се за истражни и предистражни податоци, решивме да побараме став и од скопскиот суд, кога и какви податоци побарал Ѓорѓе Иванов и што на тоа му одговориле од судот – пишува Сведок:
Порталот до судот ги поставил овие прашања:
СВЕДОК: Кога Претседтелот на РМ Ѓорѓе Иванов се обрати до ОС Скопје 1, за добивање на податоци за лица за кои се водат кривични постапки?
-Кога и во каква форма Судот му ги достави бараните податоци на Претседтелот, за предистражни, истражни дејста или за тековни и завршени предмети?
-Очекувавме судот да даде одговор за постапките кои се водат пред скопскиот суд, како што се предметите: Титаник, Тврдина, Транспортер, Пуч, Поткуп, Пресудата на Ѕвонко Костовски и други, но од скопскиот кривичен суд го добивме следниов одговор :
-Бидејќи вашето прашање содржи констатации за постапки за кои не е надлежен
судот, сметаме дека не е соодветно за одговор.
судот, сметаме дека не е соодветно за одговор.
Со почит Основен суд Скопје 1 – Скопје – пишува Сведок.
Ако специјалното јавно обвинителство тврди дека не доставио податоци до Кабинетот на претседтелот, а постапките за Тврдина, Титаник, Пуч и другите предмети ги води само Основниот суд Скопје 1, тогаш не треба многу време да се погодува од каде излегле податоците, за кои Специјалното обвинителство најави дека ќе истражува кој ги доставил и со тоа ја нарушил тајноста на постапката и сторил кривично дело?! Има информации дека судии од тој суд може да бидат опфатени со истрагите на СЈО во постапките во кои суделе, како Кампања, Ровер, Тортура, Пајажина и други.
Судот во Скопје, плашејќи се веројатно од правните последици за издавање на доверливи податоци, се дрзна да не одбие на најгруб начин, посочувајќи ни дека прашањата содржеле констатации.
Судот, според закон, може да одговори или да не одговори на постапките, а за содржината на прашањата, има една многу позната девиза: „нема глупи прашања, туку само глупи одговори“.
Од тука, евидентно е како изгледа судот со неговиот одговор.

Скопска единица и нејзиниот претседтел Владимир Панчевски во изминатиов период се мета на критики поради носење на решенија со крајно сомнителна правна аргументација, со кое индициите од момбите беа тргнати од постапка, беа одбиени барањата за определување притвор, констатираа незаконско приведување во постапки целосно покриени до минута, дадоа право на жалба во постапка во која тоа право не постои, не ги дадоа доказите во „Пуч“ иако биле должни да го сторат тоа.
Со еден збор, скопскиот суд, според одлуките на Апелациониот суд во Скопје, покажа дека не го познава правото, грешно го применува законот, што е сериозен основ Судскиот совет да се позанимава со стручноста на судиите и на Претседателот.

Дополнително, против претседтелот Владимир Панчевски во тек е судска постапка која од Скопје беше префрлена во Битола, и која, колку и да е лесна или тешка (се гони кривично за самовластие) сигурно влијае на него, а со тоа и на работата на скопскиот суд.
Панчевски, не ја почитуваше и одлуката на Врховниот суд да ги врати судиите што ги премести од организиран и кривично во прекршоци, и пак донесе иста одлука со која десетина судии завршија на другите оддели, а странките со денови лутаа барајќи каде им се предметите.
Во објавените бомби, токму сегашните судии на скопска единица беа „главни“ кадровици, па од таму излезе и кованицата „сваровски судство“. Тие судии и натаму судат во кривичниот оддел.