Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17468

Дудинка-мудинка на Миленко: Иванов осуетил план за апсење на Груевски со помош на САД

$
0
0

Водителот Миленко Неделковски, на својот портал Дудинка, тврди дека САД направиле стратегија за отстранување на Никола Груевски од македонската јавна сцена, преку нов предмет на Специјалното јавно обвинителство наречен „Тефлон“.. Планот наводно го осуетил претседателот Ѓорге Иванов со одлуката за аболиција.

grujo i milenko2

Еве што тврди Миленко:

„Во средата зад нас (13-ти април), односно Бејли чадорот заедно со своите службеници во амбасадата плус Аиво Орав, ја имале направено смртоносната клопка за македонскиот народ, нација и држава. Направиле стратегија на специфичен државен удар, по кој би бил елиминиран лидерот на слободна Македонија, Никола Груевски. Се спремала ликвидација на Груевски, но во тој момент не физичка ликвидација, туку отстранување од македонската јавна сцена.

Планот бил подмолен, но прецизен. Се чекало по редовен распоред на дежурствата, значи без таласање, на работа во попладневна смена во Општински суд 1 (Кривичен суд) во Скопје да дојдат двајца судии во предистражна постапка, кои се фамилијарно, идеолошки и материјално дебело врзани за СДСМ, СОРОС и дополнително за амбасадата на тииииит, односно на САД.

Во една таква поставеност на работите, а со координација од лице место (Судот) на американскиот имплант Митко Бурчевски, во таа среда трите тииииит односно д***и од СЈО требале да направат драматична прес конференција околу пладне, и да објават дека го отвораат случајот што планирале да го наречат “Тефлон“. Целиот случај би бил за Никола Груевски. Ордите на Оливер Спасовски веќе би имале наредба за приведување на Груевски во моментите кога би се движел од дома до кабинетот во Партијата. Попладнето би бил изведен пред судија, и околу полноќ би му била одредена мерката притвор.

Без разлика на подоцнешните жалби, поништување на притворот и слично, државниот удар би бил изведен.

Секако тоа би значело луѓе на улица, судир на македонци прoтив Македонци. Странска интервенција. Странец губернатор. И, збогум Македонијо. За среќа, акцијата на претседателот Иванов ја има осуетено оваа гадотија“.

Оваа приказна на Неделковски наводно била причина за цензурирање на делови од неговата петочна емисија на Канал 5, од страна на Агенцијата за аудиовизеуелни и медиумски услуги.

Миленко се смета за еден од најгорливите поддржувачи на Никола Груевски, за човек кој всушност го кажува она што Груевски го мисли, а не смее или не сака јавно да го изговори. Засега нема ни потврда ни демант на ова сценарио. Единствено што може да се забележи е дека обезбедувањето на Груевски од минатата недела е засилено.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17468

Trending Articles