Детската песна „Судски процес“ од популарната серија „Здраво Генијалци“ во која ликот на Двојче го играше актуелниот градоначалник Владимир Талевски , по дваесетина години откако беше испеана, повторно стана хит во Битола.
Градоначалникот Владимир Талевски СЈО го сомничи за финансиски малверзации со превозот на учениците, а претседателот Ѓорге Иванов го помилува. И тој испратил писмо до Иванов во кое бара да ја повлече аболицијата за него.
Покрај неколкуте илјади прегледи на Интеренет каналот Јутјуб, битолчани деновиве си ја препраќаат на мобилни телефони и по социјалните мрежи. Ваквиот римејк се должи на тематиката на песната, во која на судски процес обвинетиот моли „помогнете добар судија, па не сум крадец и не сум криминалец“, а делови од песната пее и Двојче. „Здраво генијалци“ се емитуваше во средината на 1990-ите години на МТВ.
„Здраво генијалци“ престана да се снима пред скоро две децнии, но на битолскиот градоначалник до денес му остана прекарот Двојче, по култната улога. Под тој прекар на транспарентите го имаа напишано и демонстрантите кои изминативе 4 дена протестираа пред општинската зграда.
извор: СДК