Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17577

ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО: Масовен антивладин протест организиран од Албанскиот опозициски совет

$
0
0

Во продолжение, преку фотографиите и видеата погледнете како изгледа денешниот антивладин протест организиран од Албанскиот опозициски совет, кој тргна од Чаир, а во моментов е пред Владата.

„На Денот на Европа, но и во денот кога се потсетуваме на немилиот настан од минатата година во Куманово, Опозицискиот совет повика албански протест под мото: „Ден Д: Правда, Достоинство, демократија“. На овој повик, освен албанските политички организации, значи партиите, невладините организации и интелектуалци кои се дел од Опозицискиот совет, се одѕваа со своја поддршка и други опозициски политички партии, НВО како и многу познати личности од академскиот, публицистички и уметнички живот во Македонија и пошироко. Оваа листа на поддржувачи е доста долга, десетици имиња кои заслужуваат благодарност, но за да не заборавиме некој од нив без да го спомнеме, ќе им се заблагодариме воопштено на сите тие кои го подржуваат нашиот протест. На овој начин тие, освен што помогнаа, исто така покажаа дека се против овој антиалбански режим ВМРО-ДУИ и дека се за европските вредности, за европска интеграција но и за правда, достоинство и демократија“, најавија вчера од советот.

Од таму целат дека протестот е албански, па знамињата и симболите треба да бидат само национални без никакви партиски знамиња.

„Протестот е начин да се изјасниме дека не се сите Албанци покорени и понижени пред шефовите на ВМРО, туку дека имаме човечко достоинство кое нема да дозволиме никој да го покори. Тргнувајќи од ова, ги повикуваме сите Албанци – каде и да се – да се соединиме утре заедно на овој протест да оддолу го кренеме граѓанскиот глас на незадоволство и протест, затоа што на овој начин ќе и помогнеме и на СЈО и на меѓународната заедница за да и тие да можат да ја извршат својата работа од горе, така што ќе се измели криминалот, корупцијата, предавството, манипулацијата и понизноста“, порачаа од Опозицискиот совет.

222

111


13113170_10154135260718560_423743569_o

5

13090525_1076043409143739_1960674436_n



Фото и видео – ТВ Шења


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17577

Trending Articles