Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17624

Груевски во 2016 како Хитлер во 1938 –единствен на гласачкото ливче

$
0
0

Откако денеска ДИК констатираше дека ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со регуларни кандидатски листи за изборите закажани за 5 јуни, на социјалните мрежи започнаа да се прават споредби со диктатори и диктатури ширум светот.

Покрај споредбата со Тито и Југославија и со денешна Северна Кореја, на Твитер се појави и фотографија, на која го има гласачкото ливче од изборите во нацистичка Германија во 1938 година, и веднаш до него, фотомонтажа од тоа како ќе изгледа гласачкото ливче на изборите доколку тие се одржат на 5 јуни, со ВМРО-ДПМНЕ, и Груевски како единствен кандидат (поточно, носител во првата изборна единица).

Cig4qZ0WkAAA0dG[1]

Инаку, по анексијата на Австрија, во 1938 во нацистичка Германија биле одржани парламентарни избори и референдум. На изборите имало само едно прашање – „Дали го одобрувате повторното обединување на Австрија со германскиот Рајх остварено на 13 март 1938 година и дали гласате за листата на нашиот Фирер, Адолф Хитлер?“

Според официјалните податоци, одѕивот на гласачите на изборите бил 99,5% со 98,9% гласови „за“.

gruevski hitler

Сепак, одржувањето на изборите на 5 јуни е целосно неизвесно, и тие можно е да се одложат, за што постојат и неколку иницијативи.

Во меѓувреме, Груевски изјави дека дека неговата партија се спрема за вонредни избори наредниот месец, но нагласил и дека пoтоа „веднаш би бил спремен“ за уште едни избори.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17624

Trending Articles