Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17657

„Мелимејт“: Голема сопственичка мистерија, уште поголем имот

$
0
0

Анонимната офшoр-фирма поседува станови вредни повеќе од 500.000 евра, а нејзиниот сопственик Љупчо Бакев има бизнис релации со семејството на поранешниот функционер и член на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Здравев. Сѐ уште е мистерија кој ја основал „Мелимејт“ на американско копно, кој ги пренел нејзините пари во Скопје преку кипарска сметка и кој на крајот му ја предал фирмата на Љупчо Бакев, сопругот на Маргарита, поранешна функционерка на ВМРО-ДПМНЕ и донатор на партијата во 2012 година, информира Бирн.

Melimejt stanovi1

БИРН откри дека фирмата е зачната во Олбени, САД на 26 ноември 2007 и тоа буквално на истиот ден и во истата канцеларија каде е основана и американската компанија што се појавува во сопственичката структура на најпознатиот офшор, „Ексико“, акционер во неколку големи и успешни македонски компании и фирма што се врзува со највисоките структури во власта.

Речиси идентична офшор-генеза има и „Финзи“, со која управуваше Коста Крпач, сведокот на Специјалното јавно обвинителство кој во април годинава со пиштол се уби во својот дом во Скопје.

Офшор-друштвото на „Мелимејт“ БИРН дојде до официјални податоци што откриваат дека фирмата „Мелимејт“ поседува значителен недвижен имот во центарот на главниот град, иако нема официјални податоци што точно и колку сработила на полето на градежништвото. Нашето истражување го доведува Бакев, актуелниот газда на „Мелимејт“, во бизнис релација со семејството на Владимир Здравев, истакнат член на ВМРО-ДПМНЕ, познат по улогата на претседавач на Советот на Општина Центар во периодот кога се спроведе значаен дел од проектот Скопје 2014.

Здравев од октомври минатата година е член на Одборот на директори на Македонски Телеком, каде прв човек е Жарко Луковски, еден од поранешните сопственици на „Ексико“.

600 квадрати во скопски Центар

Податоците од катастарот откриваат дека „Мелимејт“ поседува шест стана центарот на Скопје или вкупно околу 600 метри квадратни станбен простор. Ако се земе предвид дека цената на квадратот во тој дел од градот се движи околу 1.000 евра, грубата пресметка покажува дека „Мелимејт“ поседува недвижен имот вреден повеќе од половина милион евра.

Поточно фирмата е сопственик на пет стана во зградата која се води на адресата „Црвена вода“ бр. 7 и која од задната страна излегува на булеварот „Партизанска“, во непосредна близина на популарното кафуле „Броз“. Објектот е лоциран на атрактивно место, а спроти него, преку булеварот се наоѓа Универзалната сала.

Зградата на „Партизанска“

Во имотот на „Мелимејт“ влегува уште еден стан и тоа во друга зграда на адреса „Антоние Грубишиќ“ бр. 2, објект што се наоѓа во непосредна близина на Министерството за култура во Дебар Маало и кој го изградил бизнисменот Александар Ивановски познат како Алек Теранова.

Во втората зграда, на приземјето „Мелимејт“ има стан од 79 квадрати, а ходникот го дели со интересен сосед, со кого има повеќе заеднички точки. Имено, веднаш до овој стан на „Мелимејт“, во истата зграда и во истиот влез, стан поседува и 70-годишната Веселинка Здравева, мајката на Владимир Здравев, поранешниот функционер од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Зградата во близина на Министерството за култура

Веселинка Здравева и Љупчо Бакев, сопственикот на „Мелимејт“, се соседи и на друга адреса во скопски Центар и тоа во истата зграда и во истиот влез на улица „Васил Ѓоргов“, каде ги делат неколку ката.

Традиционалното соседство минатата година преминало и во бизнис соработка откако Бакев станал управител на компанијата во која Здравева е еден од сопствениците. Тоа е фирмата што води лаунч-бар во скопски ГТЦ, истиот угостителски објект којшто на времето беше познат како ресторан „Ања“.

Дополнително, нашите информации говорат дека Љупчо Бакев е активен и во Хотел „Солун“, иако официјално не е вработен таму. Токму Веселинка Здравева е сопственичка и на овој атрактивен угостителски објект во центарот на Скопје.

текстот во целост прочитајте го тука


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17657

Latest Images

Trending Articles