Што има во портфолиото на Макпетрол
Очигледно е дека менаџментот на „Макпетрол“, барем според неговото соопштение, немал комуникација со понудувачот односно со правното лице кое се јавува како, во оваа фаза, некој што има намера и јавно го кажува тоа, да го купи топтан „Макпетрол“, пишува Фактор.
Дополнително што со купувањето на „Макпетрол“ ако се случи новиот соптвеник на „тацна“ би го добил и специјализираното транспортно друштво ОИЛКО кое има над 80 реалтивно нови возила за превоз на запалливи материјали.
Дополнително заедно со „Макпетрол“ новиот сопственик ќе ја добие националната телевизија „Телма“ , чиј рејтинг е во значаен пораст, би добил лиценци за продажба и увоз за компјутерите „Делл“ и за возилата „Хонда“ и можеби и најважното управувачкиот кадар, нивното знаење и основни средства во операторот на националниот систем за управува со гасоводниот систем во Република Македонија за кој сите се согласни дека има потенцијал на голем бизнис.
Сите горенаведени факти покажуваат дека 50 милиони евра е „зафрканција“ односно дека се малку пари за имотот на „Макпетрол“ повеќе од 100 бензински пумпи, имотот на ОИЛКО, националниот гасоводен систем, национална телевизија, складишта за деривати и многу знаење во нафтениот бизнис акумулирано во стручни лица во таа компанија кои најдобро го познаваат македонскиот пазар, а пенетрираат и на косовскиот нафтен пазар макар само во легалниот сегмент на операции.
Зошто странскиот партнер се крие?
Засега не можеме да знаеме која е новата фирма, освен што се слушаат шпекулации дека е основана пред неколку денови, дека е наменска и дека била оф-шор. Ако е ова точно тогаш може да се заклучи дека потенцијалниот газда на „Макпетрол“ или не е стратешки партнер од нафтениот бизнис или пак дека се крие зад новоформирана фирма плашејќи се од негативен ефект врз имиџот во случај да пропадне понудата. Засега не можеме повеќе да навлеземе во намерите на понудувачот затоа што не знаеме ништо повеќе за неговиот „бекграунд“ т.е. минат труд во дејноста. Сепак сериозно е тоа дека некој ќе депонира 50 милиони евра во нашата централна банка и ќе чека да ги откупи сите акции , макар и од тие што сакаат да продадат, преку јавна понуда, нели доколку КХВ ја одобри неговата намера и му одобри да објави јавна понуда.
текстот во целост прочитајте го тука