Бројот на жртвите во нападот на ноќниот геј-клуб во Орландо се искачи на педесет.
Педесет и три луѓе се ранети од кои дел се во критична состојба соопштија медицинските лица.
Градоначалникот на Орландо Бади Даер прогласи вонредна состојба во градот и го повика гувернерот на Флорида Рик Скот да ја воведе таа мерка во целата земја.
Извршителот на нападот е идетификуван како Омар Матин 29 годишен, државјанин на САД со авганистанско потекло, јавија американските медиуми.
Полицијата почна истрага за терористички напад, а ФБИ претходно соопшти дека напаѓачот бил симпатизер на исламистите.
По повеќе часовната заложничка драма напаѓачот е убиен внатре во ноќниот клуб „Пулс“ .
Мажот отворил оган кон вработен во клубот, по што во два часот изутрината по локално време влегол во клубот и зел заложници.
Напаѓачот во себе имал пушка и пиштол, како и некој вид на уред.
На местото на настанот во центарот на градот пристигнале повеќе возила за итна помош, противпожарни служби, како и специјална единица која спровела контролирана експолозија.