Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

(ВИДЕО) Отец Пимен: Со Заев сме пријатели и имам убаво мислење за него. Со Груевски бевме пријатели и имав добро мислење за него

$
0
0

Владиката Пимен не ги почитува гатачките, бил пријател со Груевски и сака да гледа фудбал. За него шарената револуција претставува креативна слобода.

Во гостувањето во 20-то издание на емисијата Ноќен Експрес на радио Канал 77, владиката Пимен јавно го искажа ставот кон тн „Шарена Револуција“, а постапките на протестирачите со бојосувањето на споменици и објекти за него се креативна слобода. Неговиот однос кон лидерите на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ тој го објасни вака:

– Со Зоран Заев сме пријатели и имам убаво мислење за него. Со Никола Груевски бевме пријатели и имав добро мислење за него.

Отец Пимен зборуваше и за темата за тоа што некои актуелни политичари ангажираат бајачки или гатачки, истакнувајќи го генералниот став на МПЦ за ваквите појави:

– Верувањето во натални карти, хороскопи, гледање во гравче, тарот, укажува на тоа дека не веруваме во Господ. Ако сакаме да дознаме нешто повеќе и да измениме нешто од она што Бог го смислил за нас, тоа значи дека сме се откажале од Бога, рече Пимен.

Тој никогаш не побарал помош од претскажувачи на иднина, со шеговиот коментар дека не се поднесуваат со конкуренцијата.

За верата и фудбалот, отец Пимен вели дека познава многу верници меѓу фудбалерите, но во сеќавање му е покојниот Петар Милошевски (поранешен репрезентативен голман) за кого рече дека бил голем верник и ја практикувал верата во вистинска смисла. На прашање дали пред големи натпревари фудбалерите се молат или бараат благослов, отец Пимен одговори дека тоа не е честа појава, но се присети дека во времето кога Драган Канатларовски беше селектор, репрезенатцијата била на прием кај архепископот Стефан.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17352

Trending Articles