„Во врска со Предлогот за определување на мерка притвор против осомничениот В.Т. кој е опфатен во предметот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела кои се поврзани и произлегуваат од незаконското следење на комуникации (СЈО) во јавноста познат како „Транспортер“, судија на претходна постапка по разгледување на предлогот донесе решение со кое истиот е одбиен, а е определена мерка на претпазливост, односно одземање на патна исправа на осомничениот.
СЈО имаат право да поднесат жалба во рок од 24 часа до Кривичниот совет при Основен суд Скопје 1 – Скопје“, стои во соопштението од судот.