Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17683

Странците прават листа на некорумпирани судии за предметите од СЈО?

$
0
0

Партиски извори на „Слободен печат“ брифираат дека странците подготвувале листа на некорумпирани судии и без никаква политичка заднина, кои би можеле, да ги водат предметите кои ги отвора Специјалното јавно обвинителство. На тој начин, би се одговорило на барањата на поединци и одредени партии да се формира посебен судски оддел кој би работел на овие предмети, имајќи предвид дека судството во голем дел е партизирано, а голем број судии работат по директива на власта, пренесува Плусинфо.

katica janeva sjo

Како што веќе пишуваше „Слободен печат“, амбасадорите на САД и на ЕУ минатите денови интензивно се среќавале со претставници на партиите за да договорат лидерска средба што би се одржала неделава. Како што дознаваме, дипломатите се обидувале да најдат начин да го вклучат граѓанскиот сектор во идната влада, но биле децидни дека претставници од невладините организации не можат да добијат министерски места, од причина што тие не би можеле да имаат никаква одговорност, бидејќи не се бирани од граѓаните. Предлогот бил, дел од граѓанските активисти да се ангажираат како советници на министрите.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17683

Latest Images

Trending Articles