Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

ВИДЕО: Една година од најголемиот антивладин протест

$
0
0

Денеска се одбележува точно една година од најголемиот антивладин протест кој се случи на 17 мај 2015 година пред владата.

17 maj protest

Протестот беше во организација на СДСМ и над 70 невладини организации и граѓански здруженија кои се обединија во неформалната коалиција „Граѓаните за Македонија“ со барања за неотповиклива оставка од Владата и итно формирање преодна влада, а се случи после објавувањето на „бомбите“ од проектот „Вистината за Македонија“, кој откри огромен криминал и злоупотреби од страна на власта.

По протестот се формираше „Кампот на слободата“, кој беше активен на просторот пред владата се до 16 јули, ден по потпишувањето на Договорот од Пржино, со кој беше договорена оставката на Никола Груевски од премиерската функција и формирање преодна влада, со министри од опозицијата, и предвремени избори кои требаше да се одржат на 24 април. Сепак, пред изборите требаше да се исполнат низа реформи во повеќе области, голем дел уште до крајот на август минатата година. Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ го кочеше исполнувањето на реформите изборите беа одложени за 5 јуни, а можно е и ново одложување откако оваа партија остана единствена со кандидатски листи за изборите.

Во Пржино беше договорено и формирањето на Специјалното јавно обвинителство, од чија работа започнаа да се гледаат првите резултати, со истраги за сегашни и поранешни функционери на власта. Неговата работа наиде на повеќе пречки, меѓу кои најголемата е аболицијата од претседателот Иванов за повеќе политичари, која предизвика нови протести и Шарена револуција која се случува на улиците низ цела Македонија од 12 април 2016.

Во продолжение ве потсетуваме на протестот од 17 мај минатата година, на кој, според опозицијата, имаше повеќе од 100 илјади граѓани.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17402

Trending Articles