Quantcast
Channel: Топ вести Archives - Либертас
Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Амбасада на САД: Итно да се поништат и помилувањата и да се спроведат реформите

$
0
0

Одлуката на Уставниот суд отвара пат за свикување на Собранието за да се откажат изборите на 5 јуни. Ова пак, претставува обновена можност за Собранието и за политичките лидери, да покажат на дело дека се силно посветени на Пржинскиот договор и неговите начела — владеење на правото, одговорност, инклузивност и кредибилни избори. Оваа рамка и понатаму претставува најдобар начин за земјата да излезе од сегашната криза, реагира преку соопштение Амбасадата на САД.

amerikanska-ambasada-540x360[1]

„Поништувањето на помилувањата од 12 април треба да се направи итно и на начин на кој ќе се зачува начелото на одговорност, ќе се избегне селективна примена на правдата и ќе се неутрализира сериозната загриженост во врска со неказнивоста. Основно демократско начело е дека сите граѓани треба да бидат еднакви пред законот. Политичките партии треба недвосмислено да го поддржат Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Непреченото работење на СЈО е клучно за да се утврди одговорноста за можни злоупотреби поврзани со прислушувањата и за надминување на сегашната криза.

Претстојат тешки реформи. Процесот на реформи мора да биде инклузивен и да ги вклучи перспективите на опозициските партии и граѓанското општество. Ваквата инклузивност е клучна за воведување и воспоставување на системот на проверки и рамнотежа, систем што е одлучувачки во демократијата. Соединетите Држави нема да поддржат пристапи што не ги почитуваат овие принципи.

Ветувања за реформи или искази за намера нема да ја вратат земјата на евро-атлантскиот пат. Делата ќе го сторат тоа“, стои во соопштението на Американската амбасада.


Viewing all articles
Browse latest Browse all 17373

Trending Articles